Екипата на Лос Анџелес Лејкерс во завршницата од регуларниот дел од сезоната клучните битки за што подобар пласман на табелата ќе ги води без најдобриот кошаркар, Леброн Џејмс.
„Кралот Џејмс“ го повреди глуждот на дуелот со Аталанта кој се одигра во неделата, а првичните прогнози беа дека тој ќе се врати за три недели. Сепак, дополнителните лекарски прегледи покажале посериозна повреда, со што се зголемува предвиденото време за пауза. Џејмс ќе паузира до мај, кога завршува регуларниот дел од сезоната и почнувааат мечевите од плејофот.
„Езерџиите“ со скор 28-17 моментално се наоѓаат на четвртата позиција на табелата, а до крајот остануваат уште 20-тина натпревари.
OhridNews