Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс се искачи на четвртата позиција на поентарската листа во НБА лигата. „Кралот Џејмс“ со вкупно 32 293 поени го надмина Мајкл Џордан кој оствари учинок од 32 292 кошеви во кариерата.

Трикратниот освојувач на шампионскиот прстен во НБА лигата Џејмс на мечот со Денвер постигна 31 поен, но тоа не беше доволно неговата екипа да слави и да ги задржи шансите за плејоф. Џејмс за достигнувањето беше награден со громогласен аплауз.

После поминувањето на Џордан следни предизвици за Џејмс се третопласираниот Коби Брајнт (33 643 поени), Карл Мелоун (36 923) односно водечкиот Карим Абдул-Џабар (38 387).

OhridNews