Екипата на Лос Анџелес Лејкерс е нов шампион во НБА лигата. „Езерџиите“ до титула после пауза од една деценија стигнаа со триумф  4-2 во победи во финалната серија против составот на Мајами.

Кошаркарите на ЛА Лејкерс предводени од Леброн Џејмс славеа со 106-93 во шестиот натпревар и ја искористија „втората меч топка“ за шампионска титула. „Лејкерси“ дилемите околу победникот го решија во вториот квартал во кој се одлепија на високи 28 поени разлика. Последните две четвртини беа рутина, а Мајами ги искористи да го ублажи поразот.

Во освојувањето на 17-та титула кај „езерџиите“ се истакна Леброн Џејмс кој ја понесе наградата МВП во финалната серија. Џејмс финалето го заокружи со 28 поени, 14 скока и 10 асистенции, пред Ентони Дејвис со „дабл-дабл“ 19 поени и 15 скока. Кај Мајами, Адебајо беше најпрецизен со 25 поени и 10 скокови.

OhridNews