Легендарниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс, Коби Брајант кој трагично во хеликоптерска несреќа го загуби животот постхумно оваа година ќе биде примен во Куќата на славните во Спрингфилд. Коби Брајант, неговата ќерка Џана и уште седум други лица не го преживеаја падот на хеликоптерот и починаа на лице место.
„Црната мамба“, како што го нарекуваа Коби Брајант од активното играње се прости во 2016 година. Информацијата за влезто во Куќата на славните ја потврди шефот Џери Коланџело. Тој откри дека покрај Коби место во Куќата на славните ќе добијат Тим Данкан и Кевин Гарнет.
Тоа ќе се случи без дилеми. Тој ќе биде дел од неговата класа Данкан и Гарнет. На Коби ќе му оддаме голема почит. – изјави Коланџело.
Коби Брајант цели 20 сезони го носеше дресот на „езерџиите“. Во кариерата освои пет шампионски титули, а два пати беше одбиран за најкорисен кошаркар. Со голем успех го носеше дресот на САД. Во националниот дрес освои златни медали на Олимписките игри и Светските првенства.
OhridNews