Кошаркарите на Кливленд се први патници во финалето од Источната конференција елиминирајќи го Чикаго во шест натпревари (4-2) во полуфиналето.


Во одлучувачкиот натпревар „коњаницата“ одигра перфектно во одбрана примајќи само 73 поени, а со тоа си обезбедија лесни поени во напад што им донесе победа 94-73.

Леброн Џејмс иако не беше најефикасен одигра клучна улога во триумфот со некомплетен трипл-дабл учинок (15 поени, 11 асистенции и 9 скока), а најпрецизен беше Метју Делаведова со 19 кошеви. Кај „биковите“ Џими Батлер постигна 20 поени, Дерек Роуз 14, а Пол Гасол 8 што беше премалку за нешто повеќе во дуелот со Кливленд.


Во вториот натпревар синоќа Хјустон со триумфот 119:107 над Лос Анџелес Клиперс се избори за мајсторка во која ќе се одлучува патникот во финалето во Западната конференција.

Мх.П.