Екипите на Денвер Нагетс и Лос Анџелес Клиперс направија голем чекор напред кон втората фаза од плејофот во НБА лигата победувајќи во петтиот натпревар за водство од 3-2 во серијата со Јута Џез односно Далас Маверикс.
„Нагетси“ третиот триумф го обезбедија со пресврт во третиот и четвртиот квартал, откако после двата воведни имаа негатива од девет поени разлика. Денвер на крајот мечот го доби со плус десет 117-107 и дојде на една победа од пласман во следната фаза.
„Клиперси“ поентерски распукаа во петтиот натпревар со „телињата“. Дека ќе биде мечот ефикасен Клиперс најави во првите 12 минути во кои постигнаа 41 поен. ЛА Клиперс продолжи со исто темпо и забележа убедлив триумф од 154-111.
Резултати:
Јута – Денвер 107-117 (2-3)
ЛА Клиперс – Далас 154-111 (3-2)
OhridNews