Кошаркарите на Лос Анџелес Клиперс ги задржаа шансите за пласман во големото финале во НБА лигата, победувајќи со 116-102, со што намалија на 3-2 во серијата со Феникс Санс.
„Клиперси“ со победата во петтиот натпревар од финалето на западот ја поништија првата меч топка на „сонцата“ и се спасија од елиминација.
Пол Џорџ со 41 поени и 13 асистенции ги предводеше ЛА Клиперс, додека после него на листата беа Џексон со 23 кошеви и Морис со 22 поени. Кај „сонцата“ најефикасен беше Букер со 30 поени.
OhridNews