Популарната мајсторка ќе го даде патникот во финалето од серијата помеѓу Лон Анџелес Клиперс и Денвер, откако „нагетси“ со 111-98 славеа во шесттиот натпревар и изедначија на 3-3.

Кошаркарите на Денвер до третиот триумф стигнаа со пресврт на крилата од српскиот интернационалец Никола Јокиќ. Денвер имаше 16 поени негатива на полувреме, но со феномеланиот „џокер“ како што го нарекуваат Јокиќ минута по минута ја намалауваа предност за на крај да забележат триумф со двоцифрена разлика на семафорот.

Јокиќ мечот го заврши со 34 поени, а додаде 14 скокови и 7 асистенции. Голема помош доби од Мареј кој финишираше со 21 поен. Кај „клиперси“ најпрецизен беше Пол Џорџ со 33 поени.

Победникот во седмиот натпревар ќе обезбеди пласман во финалето и силите ќе ги одмери со Лос Анџелес Лејкерс.

OhridNews