НБА лигашот Шарлот, чиј сопственик е легендарниот американски кошаркар Мајкл Џордан, објави синоќа дека на клупата се враќа тренерот Стив Клифорд.

Воодушевени сме што Стив е повторно со нас. Мислиме дека неговото претходно искуство и неговата филозофија на игра го прават најдобриот тренер за нашата екипа, изјави претседателот на Шарлот, Мич Купчак.

Шеесетгодишниот Клифорд го тренираше Шарлот од 2013 до 2018 година, пред да мине три години на клупата на Орландо.

Шарлот, кој не избори пласман во плејофот во НБА лигата во последните шест сезони, со ангажманот на Клифорд ја заврши потрагата по наследник на Џејмс Борега, кому во април му беше врачен отказ.

OhridNews