Кошаркарите на Торонто стигнаа до ново водство (2-1) во финалната серија во НБА лигата совладувајќи го Голден Стејт со 123-109 (36-29, 24-23, 36-31, 27-26) третиот меч кој се одигра во „Оракл арената“.

Третиот натпревар од серијата го одбележаа тимската игра на Торонто и брилијатниот Стеф Кари, кој не успеа сам да направи нешто повеќе и да ги израдува своите навивачи. „Рептилите“ ги добија сите четири квартали и забележаа победа изразена со 14 поени разлика.

Кари брилираше постигнувајќи високи 47 поени, но Ленард со 30 и Ловри со 23 го неутрализираа поентерскиот учинок на најдобриот играч во Голден Стејт. Првиот виолиона на „воините“ нема помош од соиграчите наспроти Торонто кој имаше голем број на расположени кошаркари за игра.

Четвртиот дуел од серијата се игра исто така на теренот од Голден Стејт, но овој пат бранителот на трофејот нема право на грешка.

OhridNews