Кошаркарите на Голден Стејт се пласираа во финалето од западната конференција елиминирајќи го Хјустон во шест натпревари со резултат 4-2 во победи. До четвртиот триумф во полуфиналната серија „воините“ стигнаа со победата 118-113 остварена на теренот од противникот.
Во отсуство на Кевин Дурант, херој на Голден Стејт беше Стеф Кари кој реализираше 33 поени, сите во второто полувреме од натпреварот. Будењето на Кари им влеа самодоверба и на останатите играчи, кои, со пресврт во последниот квартал дојдоа до победа и пласман во финалето.
Противник на Голден Стејт во конференциското финале ќе биде екипата победник во „мајсторката“ помеѓу Денвер – Портланд.
OhridNews