Голден Стејт Вориорс предводен од Стеф Кари нема да биде дел од плејофот во НБА лигата, откако рано утрово, во мајсторката за осмата позиција претрпеа пораз од Мемфис Гризлис со 117-112.
„Гризлите“ во првата фаза од плејофот ќе се судрат со Јута Џез.
Кари кој повторно беше расположен за игра на можеше сам во средбата со Мемфис Гризлис. „Гризлите“ го „оставија“ Кари но ги затворија преостанатите кошаркари, кои не му помогнаа на капитенот. Кари мечот го заврши со 39 поени, а во таборот на Мемфис најпрецизен беше Џо Морант со 35 кошеви.
Елиминацијата на „воините“ во плејинот за учество во разигрувањето за титулата може да го чини МВП награда на Кари. Првата виолина на Голден Стејт е еден од трите кандидати за престижната награда. Ривал на Кари му се Џоел Ембид (Филаделфија) односно Никола Јокиќ (Денвер).
OhridNews