Освојувачот на четири НБА прстени, Шекил О`нил ја одбра идеалната петорка од кошаркари со кои играл или пак натпреварувал во својата кариера. Во петторката се наоѓаат Мајкл Џордан, Ален Ајверсон, Леброн Џејмс и Коби Брајант.
Не ми е важно што ќе кажете. Никоја екипа не ќе може да го победи овој тим во серија од седум натпревари. – рече О`нил.
Популарниот „Бик Шек“ во 1992 година како прв пик на драфтот беше одбран од Орландо, а потоа настапуваше за Лос Анџелес Лејкерс, Мајами, Феникс, Кливленд и Бостон. Со „езерџиите“ три пати беше шампион, а со Мајами Хит еднаш во НБА лигата. Со репрезентацијата на САД освои злато на Олимписките игри во Атланта 1996 година.
OhridNews