Стеф Кари го предводеше Голден Стејт до убедлива победа над Филаделфија 139:105 синоќа во НБА лигата. Кари имаше шут за три поени 8/8 со што го потврди епитетот најдобар тројкаш на сите времиња.
Историско достигнување оствари и Леброн Џејмс во натпреварот на Лејкерс со Портланд. Во победата на лејкерси 114:106 Џејмс имаше учинок од 38 поени, 8 асистенции и 7 тројки, со што се израмни со Џордан по бројот на натпревари со повеќе од 30 поени во историјата на НБА. И двајцата имаат по 562 такви натпревари.
НБА лига резултати 02.01.2025
Минесота – Бостон 115:118
Мајами – Индијана 115:128
Оклахома – ЛА Клиперс 116:98
Милвоки – Бруклин 110:113
Голден Стејт – Филаделфија 139:105
ЛА Лејкерс – Портланд 114:106
Г.М.