Шампионот во источната конференција, Индијана Пејсерс го изедначи резултатот 1-1 во плеј оф серијата со Атланта.
Во вториот натпревар пред своите гледачи „пејсерси“ триумфираа со 101-85, а лоша ноќ имаше Перо Антиќ, кој постигна само пет поени. Македонскиот интернационалец имаше очаен шут и погоди само три од 14 обиди. Најпрецизен во составот на Индијана беше Пол Џорџ со 27 кошеви додека со 19 поени Милсап беше најефикасен кај „јастребите“.
Резултати : Индијана – Атланта 101-85 (1-1), Торонто – Шарлот 100-95 (1-1), Вашингтон – Чикаго 101-99 (2-0).
Мх.П.