Словенскиот кошаркар во редовите на Далас, Лука Дончиќ продолжува со импресивните игри во дебитанската сезона во НБА лигата. Дончиќ со 20 поени беше еден од најзаслужните за триумфот на Далас 128-108 против Хјустон. Словенецот во еден напад му „продаде“ финта на Џејмс Харден кој иако е познат дека не игра одбрана наседна и влезе во списокот на Дончиќ.
Младиот кошаркар неодамна во игра еден на еден го посрамоти Кајри Ирвинг, кој за разлика од Харден е познат по добрата дефанзива. Дончиќ во НБА лигата се пресели од тимот на Реал Мадрид.
OhridNews