Кошаркарите на Хјустон на крилата од Џејмс Харден го совладаа актуелниот шампион во НБА лигата, Голден Стејт. „Ракетите“ до победата (135-134) стигнаа со трите поени на Харден кој ги реализираше од голема далечина во последниот напад од дополнителните пет минути. Регуларниот дел од натпреварот не даде победник завршувајќи 119-119.
Најдобриот кошаркар во редовите на Хјустон мечот го заврши со трипл дабл учинок. Харден постигна 44 поени, а додаде уште 15 асистенции и 10 скокови. Најпрецизен во тимот на Голден Стејт беше Стеф Кари со 35 поени.
Хјустон со триумфот над „воините“ стигна до скор (22-15) на табелата, додека актуелниот шампион има нешто подобар скор (25-14).
OhridNews