Екипата на Хјустон намали на 2-1 во победи против Голден Стејт во полуфиналната серија од западната конференција. „Рекетите“ до првата победа во полуфиналето стигнаа после продолжение (126-121), откако регуларниот дел заврши без победник.
Дуелот во Тојота центарот ја одбележа пресметката на Џејмс Харден и Кевин Дурант. Предводникот на Хјустон, Харден реализираше 41 поен, додека првата виолина на „воините“ Дурант застана на 46. Голема помош во битката за победа Харден доби од Ерик Гордон кој постигна 30 кошеви, а вака поентерски расположен кошаркар за игра немаше во гостинскиот состав.
Четвртиот натпревар од полуфиналната серија исто така ќе се одигра во Хјустон. „Рекетите“ ќе имаат шанса да ги вратат работите од почеток во серијата, додека Голден Стејт да се избори за меч топка пред своите гледачи.
OhridNews