Екипата на Хјустон ги комплетираше полуфиналните учесници во западната конференција совладувајќи ја Оклахома со 4-3 во четвртфиналната серија. Во популарната мајсторка, кошаркарите на Хјустон со 104-102 го совладаа ривалот и го фатија последниот воз за пласман во топ 4.

Голем чекор напред кон финалето на истокот направи составот на Мајами кој со триумф над Милвоки 116-114 зголеми на 2-0. „Жешките“ кои во плејоф мечевите влегоа како тивки фаворити полека ги местат коцките за значителен резултат и успех.

Резултати:

Милвоки – Мајами 114-116 (0-2)

Хјустон – Оклхома 104-102 (4-3)

OhrirdNews