Кошаркарите на Хјустон ги вратија работите на почеток во серијата со Голден Стејт победувајќи и во вториот натпревар за егал во полуфиналната пресметка на западот. До вториот триумф на домашен терен „рекетите“ стигнаа после тесниот триумф над актуелниот шампион 112-108.
Првиот квартал им припадна на „воините“ со 28-25, а Хјустон врати со две добри четвртини и водство од девет поени во пресрет на решавачката четвртина. Долго време домаќините го чуваа водство, но на крајот Голден Стејт притисна и успеа да обезбеди напад за реми и продолженија. Ударот на Дурант заврши во обрачот, а истото се случи и после обидот на Кари.
На 3-1 во четвртиот меч зголеми составот на Милвоки, кој славеше 113-101 на гостувањето кај Бостон. Милвоки со две гостински победи си обезбеди меч топка пред своите гледачи во петтиот натпревар.
Резултати: Бостон – Милвоки 101-113 (1-3), Хјустон – Голден Стејт 112-108 (2-2)
OhridNews