Кошаркарите на Денвер и Торонто со гостински победи над Портланд односно Филаделфија изедначија на 2-2 во полуфиналните серии.
Денвер во „Мода центарот“ славеше со 116-112, додека „рептилите“ со 101-96 ја совладаа Филаделфија. Победите на Денвер и Торонто се добро најава за екипите, бидејќи петтиот натпревар од серијата го играат пред своите гледачи.
Резултати: Портланд – Денвер 112-116 (2-2), Филаделфија – Торонто 96-101 (2-2)
OhridNews