Кошаркарите на Голден Стејт поведоа со 2-0 во финалната серија од западната конференција совладувајќи го Портланд со 114-111 (29-31, 21-34, 39-24, 25-22).
„Воините“ до вториот триумф во серијата стигнаа со фантастичен пресврт во последните 5 миниту од натпреварот. Во текот на првото полувреме домаќините имаа негатива од 17 поени, а на стартот од третата четвртина 16 кошеви. Во третиот квартал, Голден Стејт успеа да ја анулира предноста на Портланд и да изедначат 89-89. Гостите го издржаа налетот и повторно осетливо се одлепија на семафорот на 5 минути до крајот кога имаа водство 108-100. Домашните кошаркари предводени од Кари и Грин го свртија резултатот во своја полза и направија голем исчекор кон финалето победувајќи и во вториот натпревар.
Кари со 37 поени, 8 скокови и 8 асистенции беше најдобар поединец во Голден Стејт. Клеј Томсон реализираше 24 поени, а Грин запиша дабл дабл учинок со 16 поени и 10 скокови. Во Портланд, Лилард и МекКалум постигнаа 23 односно 22 поени.
OhridNews