Третиот натпревар во финалната серија помеѓу Голден Стејт и Торонто во НБА лигата донесе изненадувачка победа на гостите и ново водство 2-1, но и тензија во првиот ред од трибините, што е реткост во најквалитетната кошаркарска лига во светот.

Дисциплинската комисија во НБА лига експресно ја расчисти ситуацијата која настана, откако сопственикот на „воините“, Марк Стивенс го повлече за дресот и вербално го нападна кошаркарот на Торонто, Кајл Лаури во текот на четвртата четвртина. Стивенс суспендиран е една година, а дополнително ќе треба да плати 500 000 долари за нарушување на правилата и прописите.

  • Претставникот на тимот мора да биде на највисоко ниво во вакви натпревари со своето однесување. Сопственикот на Голден Стејт не се однесуваше како што треба и за него следнава година ќе нема место на трибините. – изјавија од НБА лигата.

Четвртиот натпревар во финалето се игра петок кон сабота во 2 сатот после полноќ. Торонто има предност од 2-1.

OhridNews