Кошаркарите на Филаделфија го дуплираа водството во серијата со Вашингтон на 2-0, победувајќи и вториот натпревар кој го одиграа на домашен терен. „76-ките“ славеа со 120-95.
Екипите на Њујорк и Јута изедначија (1-1) во сериите со Атланта односно Мемфис. Њујорк ја совлада Атланта со 101-92, а „џезерите“ со 141-129 ги скротија „гризлите“.
Во првата фаза и во целиот плејоф се игра до четири победи.
- Резултати:
Филаделфија – Вашингтон 120-95 (2-0)
Њујорк – Атланта 101-92 (1-1)
Јута – Мемфис 141-129 (1-1)