Кошаркарите на Далас го изедначија резултатот во серијата со Лос Анџелес Клиперс (2-2), откако во четвртиот натпревар славеа со 135-133 после дополнителните продолженија.
Херој на Далас беше Лука Дочиќ кој поените за победа ги постигна со звукот на сирената. Со победничките поени Дончиќ ја заокружи маестралната партија во која запиша трипл дабл учинок (43 поени, 17 скокови, 13 асистенции).
BAAAAAANG! LUKA IS CLUTCH pic.twitter.com/WEmGZaPKLU
— Dallas Mavericks (@dallasmavs) August 23, 2020
Актуелниот шампион Торонто и Бостон обезбедија пласман во следната рунда елиминирајќи ги Бруклин односно Филаделфија. „Рептилите“ и „детелините“ со идентичен скор (4-0) ги поминаа првите пречки во плејофот.
Резултати:
Бруклин – Торонто 122-150 (0-4)
Јута – Денвер 129-127 (3-1)
Филаделфија – Бостон 106-100 (0-4)
Далас – ЛА Клиперс 135-133 (2-2)
OhridNews