Кошаркарите на Феникс Санс во меч со драматична завршница ја обезбедија втората победа и водство од 2-0 во финалето на западот, победувајќи го Лос Анџелес Клиперс со тесни 104-103.

Херој на „сонцата“ беше ДеАндре Ајтон, кој на 0.9 секунди до крајот успеа со цепелин да поентира и да донесе водство, кое на крајот се покажа доволно за победа. Пол Џорџ имаше шанса да бие и да донесе победа за „клиперси“ но акцијата не испадна според планираното.

Серијата во финалето се сели во „Стејплс Центарот“, а „клиперси“ таму немаат право на грешка, бидејќи „сонцата“ се наоѓаат на половина пат од пласман во големото финале.

OhridNews