Екипата на Феникс Санс изедначи во серијата со Лос Анџелес Лејкерс (2-2), победувајќи во „Стејплс центарот“ со 100-92, додека Бруклин Нетс се наоѓа на чекор од втората фаза во плејофот од НБА лигата, забележувајќи ја третата победа во дуелот со Бостон Селтикс. „Мрежичките“ славеа со 141-126.
„Сонцата“ победа против „езерџиите“ ја обезбедија со маестрална игра во втората и третата четвртина, каде обезбедија предност од 16 кошеви разлика. Домашните кошаркари во решавачкиот четврти квартал анулираа половина, што не беше доволно да се избегне пораз. Најефикасен кај „лејкерси“ беше Леброн Џејмс со 25 кошеви, а кај Феникс Крис Пол и Дејв Букер постигнаа 18 односно 17 поени.
Триото Кевин Дурант, Кајл Ирвинг и Џејмс Харден му донесе нов триумф на Бруклин Нетс во дуелот со Бостон Селтикс. Дурант, Ирвинг и Харден искомбинираа вкупно 104 поени, кои се покажаа пресудни за трет триумф во серијата. „Мрежичките“ водат со 3-1.
- Резултати:
Атланта – Њујорк 113-96 (3-1)
ЛА Лејкерс – Феникс 92-100 (2-2)
Бостон – Бруклин 126-141 (1-3)
Далас – ЛА Клиперс 81-106 (2-2)
OhridNews