Екипата на Феникс е првиот патник во финалето од западната конференција, елиминирајќи го Денвер во полуфиналето со 4-0 во победи. На истокот, пак, допрва ќе се бори борба за финалниот билет, откако Милвоки победи во четвртиот меч со Бруклин и изедначи на 2-2.
„Сонцата“, четвртиот и решавачки триумф го забележаа на гостински терен, победувајќи го Денвер со 125-118. Милвоки, пак, славеше пред своите гледачи, совладувајќи го Бруклин со 107-96. Антетонкунмпо ги предводеше „бакси“ со 34 кошеви и 12 асистенции, а голема помош имаше од Мидлтон. Кај тимот на Бруклин најефикасен беше Дурат со 28 поени.
- Резултати:
Милвоки – Бруклин 107-96 (2-2)
Денвер – Феникс 118-125 (0-4)
OhridNews