На најдобрите екипи на истокот и западот од регуларниот дел во НБА лигата, Јута Џез и Филаделфија Севентисиксерс ги дели една победа од пласман во следната фаза од плејофот.

„Џезерите“ до победата број три во пресметката со Мемфис Гризлис стигна синоќа, совладувајќи го ривалот со 120-113. Филаделфија, пак, не ја искористи првата меч топка за елиминација на Вашингтон, претрпувајќи пораз 122-114, во четвртиот натпревар. Резултатите во двете серии се идентични 3-1, во корист на Јута односно Филаделфија.

  • Резултати:

Мемфис – Јута 113-120 (1-3)

Вашингтон – Филаделфија 122-114 (1-3)

OhridNews