Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс се наоѓаат на една победа од пласман во конференциското финале на западот, откако во четвртиот натпревар го забележаа третиот триумф во серија со Хјустон. „Езерџиите“ славеа со 110-100.
ЛА Лејкерс после првата и втората четвртина обезбеди предност од 16 поени разлика која на крајот се покажа доволна за победа. „Рекетите“ се спротиставија во третиот и четвртиот квартал, но безуспешно.
Прва виолина кај „лејкерси“ беше Ентони Дејвис кој постигна 29 поени, а додаде уште 12 скокови и 5 асистенции. Во тимот на Хјустон, Расел Вестбрук уфрли 25 а Џејмс Харден 21 поени.
Резултати:
Хјусто – ЛА Лејкерс 100-110 (1-3)
OhridNews