Кошаркарот на Њујорк Никс, Кармело Ентони со 35 поени беше најзаслужен што тимот ја совлада Атланта Хоукс 111-106.

Популарниот „Мело“ ги спушти на земја кошаркарите на Атланта меѓу кои настапува Перо Антиќ по шокатната победа извојувана против Вашингтон.

Антиќ за десет минути на паркетот постигна пет поени додавајќи еден офанзивен скок.

Мх.П.