Седмиот натпревар, или популарната „мајсторка“ помеѓу Милвоки Бакс и Бруклин Нетс ќе го даде патникот во финалето на источната конференција. „Бакси“ изедначија на 3-3, победувајќи во шестиот натпревар со 104-89.

Милвоки беше подобар противникот во текот на целиот натпревар. Кошаркарите на Милвоки предводени од дуото Мидлтоун-Антетокоунмпо добија три од четирите квартали, додека преостанатиот заврши нерешено. Милвоки двоцифрена предност обезбеди во воведните две четвртини, а потоа рутински ја задржа за триумф и егал 3-3.

„Мајсторката“ ќе се игра на 19 према 20 јуни во 2 часот и 30 минути.

OhridNews