Кошаркарите на Мајами поведоа со 2-0 против Бостин во конференциското финале на истокот. „Жешките“ до вториот триумф во финалната серија стигнаа со победа 106-101 (28-31, 19-29, 37-17, 22-24). во драматичен и неизвесен натпревар.

Мајами се што пропушти во првата и втората четвртина кога имаше негатива од 13 поени разлика надополни во третиот квартал кој му припадна со 37-17. Во решавачките 12 минути, „жешките“ заостанаа два поени, но ја задржаа предноста, остварена во третиот период.

Меч винер беше Словенецот Драгиќ кој уфрли 25 поени. Драгиќ постигна неколку клучни поени во финишот кои донесоа победа на Мајами. Драгиќ голема поддршка имаше од Адебајо кој запиша дабл-дабл учинок (21 поени и 10 скокови). Кај „селтикси“ најпрецизен беше Вокер со 23 поени.

OhridNews