Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс победија во дербито на колото во НБА лигата, совладувајќи го составот на Милвоки Бакс со 113-106.
Средбата во Милвоки во фокусот беше поради квалитетот на двете екипи и првите ѕвезди во тимовите, Јанис Адетокумбо односно Леброн Џејмс. Пресметка во сите категории му припадна на Џејмс, кој мечот го заврши со 34 поени, осум асистенции и шест скокови, на спротивната страна Адетокумбо заврши со 25 кошеви.
„Езерџиите“ со триумфот во дербито избија на првото место на табелата во западната дивизија додека „бакси“ се третопласирани на истокот.
Во останатите средби кои се одиграа синоќа Њујорк славеше со 119-104 на гостувањето кај Голден Стејт, а Јута победи во дуелот со Њу Орлеанс со 129-118.
OhridNews