Лос Анџелес Лејкерс е првиот учесник во големото финалето од НБА лигата. „Езерџиите“ пласман во финалето изборија после елиминацијата на Денвер Нагетс во конференциското финале со 4-1 во победи.

„Лејкерси“ до одлучувачката четврта победа (117-107) во финалната серија со Денвер дојдоа на крилата од тандемот Леброн Џејмс – Ентони Дејвис. Џејмс оствари „трипл-дабл“ учинок постигнувајќи 38 поени, а додаде уште 16 скокови и 10 асистенции додека Дејвис уфрли 27 поени. Српскиот интернационалец Никола Јокиќ кај Денвер беше најпрецизен со 20 поени.

Што се однесува до самиот натпревар, „езерџиите“ во првите две четвритини се одлепија на плус десет (61-51). Во третиот квартал, „нагетси“ намалија на три негатива и ја вратија неизвесноста. „Лејкерси“ брзо ги вратија работите на своето место и ги решија дилемите околу победникот.

Ривал на Лос Анџелес Лејкерс во финалето ќе му биде подобриот од конференциското финале на истокот помеѓу Мајами и Бостон. Моментален резултат е 3-2 за Мајами.

OhridNews