Екипата на Лос Анџелес Лејкерс славеше со 119-107 во вториот меч со Хјустон и изедначи 1-1, додека Милвоки со триумф 118-115 во четвтиот меч намали на 3-1 против Мајами во полуфиналните серии од западната односно источната конференција.

Тандемот на „езерџиите“ Леброн Џејмс – Ентони Дејвис беше незапирлив за „ракетите“. Џејмс уфрли 28 поени со 11 скокови и 9 асистенции, додека Дејвис постигна 34 кошеви надополнето со 10 скокови. Кај тимот на Хјустон расположен за игра беше само Џејмс Харден кој застана на 28 поени.

Милвоки после дополнителни пет минути го осигура првиот триумф во серијата со Мајами. Милвоки ја преживеа првата меч топка на Мајами кој има уште две „чисти“ шанси за победа и пласман во финалето на истокот.

Резултати:

ЛА Лејкерс – Хјустон 119-107 (1-1)

Мајами – Милвоки 115-118 (1-3)

OhridNews