Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс забележаа победа во дерби пресметката со Далас, триумфирајќи со високи 138-115.
Двоецот на „езерџиите“ Леброн Џејмс и Ентони Дејвис го засенија Лука Дончиќ, кој имаше нова брилијатна претстава во дресот на „телињата“. Дејвис во текот на мечот уфрли 28 поени, а секогаш кога требаше тука беше и Џејмс кој заврши со 22 поени. Дончиќ немаше помош од соиграчите и дуелот го заврши со 27 поени.
Резултати:
ЛА Лејкерс – Далас 138-115
Денвер – Лос Анџелес клиперс 108-121
Милвоки – Голден стејт 138-99
Бостон – Бруклин 95-123
Мајами – Њу Орлеанс 111-98
OhridNews