Лос Анџелес Лејкерс ја забележа втората победа и поведе со 2-0 во големото финалето во НБА лигата, откако го совлада Мајами со 124-114, по четвртини 29-23, 39-31, 35-39, 21-21.
„Езерџиите“ до вториот триумф во финалната серија ги предвоводеше тандемот Леброн Џејмс – Ентони Дејвис. Двоецот искомбинира 65 поени, надополнети со 25 скокови и 10 асистенции. „Жешките“ кои играа без Горан Драгиќ и Бем Адебајо немаа шанси му се спротистават на „лејкерси“. Најефикасен кај Мајами беше Џими Батлер со 23 кошеви.
Третиот натпревар од финалната серија се игра недела кон понеделник во 1 часот и 30 минути по полноќ.
OhridNews