Големото финале во НБА лигата по правило е еден најгледаните спортски настани во Соодинетите американски држави (САД) и не е чудно што навивачите се подготвени да платат цело богаство да го следат мечот во живо од трибината.

Еден симпатизер на Голден Стејт успеа да го собори рекордот кога е во прашање цената за картите за четвртата пресметка помеѓу „воините“ и Торонто. Тој за две карти покрај аут линијата плати неверојатни 101 000 долари.

Иначе, Голден Стејт по пат на својот официјален интернет стајт продаде уште неколку карти по висока цена, но никои не достигнаа цена од 101 000 евра.

Моменталниот скор во финалето е егал 1-1, а „воините“ следните два натпревари ги играат на домашен терен.

OhridNews