Кошаркарите на Бруклин Нетс остварија нов триумф (114-108) со кој поведоа 3-2 во победи во полуфиналната битка со Милвоки Бакс.

Херој на „мрежичките“ во петтиот натпревар беше Кевин Дурант, кој запиша трипл дабл зад своето име. Дурант постигна невoројатни 49 кошеви, надополнети со 17 скокови и 10 асистенции, со што го занемари отсуството на останатите две ѕвезди Кајри Ирвинг и Џејмс Харден. Кај „бакси“ очекувано најефикасен беше Антетокоунмпо кој уфрли 34 поени, но далеку беше од учинокот на Дурант.

Во следниот шести натпревар Бруклин ќе има меч топка за пласман во финалето, додека „бакси“ немаат право на грешка на домашен терен ако сакаат борба за медал.

OhridNews