Македонскиот интернационалец Перо Антиќ и Атланта Хоукс претрпеа пораз од Денвер 109-107 во драматична завршница.
„Јастребите“ имаа напад за победа но обидите на Милсап и Хорфорд не ја погодија целта и теренот го напуштија со наведнати глави.
Антиќ против Денвер одигра рекордни 20 минути, а во нив имаше скор од седум поени, четири скокови и две блокади.
Најпрецизен во тимот на Атланта беше Хофорд со 21 поен додека во Денвер најефикасен беше Лосон со 23 кошеви.
Мх.П.