Полека се комплетира мозаикот за Ол стар викендот кој ќе се одржи следниот викенд во Чикаго. Доцна синоќа, капитените на екипите Леброн Џејмс и Јанис Адетокумбо по пат на драфт ги одбраа резервните кошаркари за за Ол стар натпреварот.
Екипата на Џејмс изгледа „страшна“. Кошаркарот на ЛА Лејкерс ги одбра Никола Јокиќ, Крис Пол и Расел Вестбурк во својот состав. Кога на овие играчи ќе се додадат Џејмс Харден, Ентони Дејвис, Каваи Ленард и Лука Дончиќ вистински се работи за екипа за големо внимание.
Јанис Адетокумбо во својот тим ги одбра помладите ѕвезди. Џоел Ембид, Паскал Сакам, Кемба Вокер, Тре Јанг и уште неколку кошаркари се дел од неговиот состав.
Ол стар викендот во Чикаго ќе помине во знакот на Коби Брајант и неговаа ќерка Џана кои заедно со уште седум лица трагично ги загубија животот во хеликоптерска несреќа. Тимот на Леброн на дресовите ќе го носи бројот 2, додека тимот на Џанис ќе го носи бројот 24.
OhridNews