Екипата на Далас го скрши мразот и ја забележа првата победа во новата НБА сезона, совладувајќи го до сега непоразениот Лос Анџелес Клиперс, со неверојатни 51 поен разлика (124-73).

„Телињата“ на крилата од Словенецот Лука Дончиќ му го нанесоа најтешкиот пораз на „клиперси“ на домашен терен во историјата.

„Клиперси“ кои играа без првата ѕвезда Каваи Ленард во првото полувреме постигнаа само 27 поени, што е најслаб учинок во поновата историја во НБА лигата. Во текот на мечот најголема разлика на семафорот достигна 57 поени, што исто така престатува рекорд. Дончиќ мечот го заврши со 24 поени, 9 скокови и 9 асистенции.

  • Резултати:

Шарлот – Бруклин 106-104

Њу Орлеанс – Сан Антонио 98-95

Вашингтон – Орландо 113-120

Кливленд – Филаделфија 118-94

Њујорк – Милвоки 130-110

Чикаго – Голден Стејт 128-129

Индијана – Бостон 108-107

Сакраменто – Феникс 100-116

ЛА Лејкерс – Минесота 127-91

ЛА Клиперс – Далас 73-124

OhridNews