Кошаркарите на Лос Анџелес Клиперс обезбедија пласман во следната фаза од плејофот елиминирајќи го составот на Далас со вкупен резултат 4-2 во серијата. „Клиперси“ до четвртиот триумф во серија со „телињата“ стигнаа во шестиот натпревар во кој славеа со 111-97.

Далас предводен од Лука Дончиќ пружи повеќе од солиден отпор во серијата со Клиперс кои се едни од фаворитите за титулата. „Телињата“ немаа сила за победа во шестиот меч и евентуална мајсторка во која (секогаш) чуда се случуваат.

Тимот на Бостон со триумф ја отвори полуфиналната серија со Торонто во источната конференција. „Детелините“ победија со 112-94 и му ја фрлија ракавицата на шампионот.

Резултати:

Јута Џез – Денвер Нагетс 107-119 (3-3)

Далас Маверикс – ЛА Клиперс 97-111 (2-4)

Торонто – Бостон 94-112 (0-1)

OhridNews