Лос Анџелес Клиперс ја забележа првата плејоф победа против Далас Маверикс и ја преполови предноста на ривалот (2-1), победувајќи со 118-108, во третиот натпревар од серијата.
„Клиперси“ не успеаја да најдат одговор за Лука Дончиќ кој имаше фантастичен натпревар, но ги „затворија“ сите негови соиграчи, недозволувајќи им да се разиграат. Словенецот постигна неверојатни 44 поени, надополнети со 9 скокови и 9 асистенции. Кај „клиперси“ најефикасни беа Каваи Ленард со 36 односно Пол Џорџ со 29 кошеви.
Атланта поведе со 2-1 во серијата со Њујорк после победата 105-94, додека Бостон намали на 1-2 во дуелот со Бруклин со триумфот 125-119.
- Резултати:
Атланта – Њујорк 105-94 (2-1)
Бостон – Бруклин 125-119 (1-2)
Далас – ЛА Клиперс 108-118 (2-1)
OhridNews