Трите мечеви од синоќешната програма во плејофот од НБА лигата поминаа во знакот на домашните екипи. Бостон, Милвоки и Хјустон не се покажаа како добри домаќини победувајќи и во вториот дуел од првата фаза од разигрувањето.
„Детелините“ со 99-91 ја совладаа Индијана и поведос 2-0. Милвоки со 120-99 славеше над Детроиот за предност од 2-0, а Хјустон беше подобар од Јута 118-98 за максимална предност после вториот меч.
Резултати: Бостон – Индијана 99-91 (2-0), Милвоки – Детроит 120-99 (2-0), Хјустон – Јута 118-98 (2-0)
OhridNews