Тимот на Атланта Хоукс претрпе пораз од Чикаго Булс 91-84, а Перо Антиќ во неговиот втор старт постигна девет поени.
Покрај учинокот од девет кошеви Антиќ за 22 минути минати на паркетот додаде уште седум скокови, една асистенција и загубена топка. По повредата на Ал Хорфорд се отвори место за Македонецот, кој засега го користи максимално.
Мх.П.