Тимот на Детроит ќе го има првиот избор на годинешниот драфт во НБА лигата на кој екипите традиционално ги избираат своите идни кошаркарски ѕвезди.

Детроит имаше најмногу среќа во синоќешната „лотарија“ и го доби правото прв да избира, пред Хјустон и Кливленд.

Екипата на Детроит последен пат го имаше правото на прв избор на драфтот во 1970 година.

Драфтот е закажан за 29 јули, една недела по евентуалниот седми натпревар во финалето на плејофот за титулата во НБА лигата.

OhridNews