Екипата на Денвер стигна до почетно водство (1-0) во серијата со Портланд победувајќи со 121-113, додека Филаделфија изедначи (1-1) против Торонто со победа  94-89 извојувана на теренот од противникот.

„Сиксерси“ одиграа супер прва четвртина во која стекнаа предност од 9 поени (26-17). Во втората водството го зголемија за дополнителни четири поени и двоцифрена позитива на семафорот (51-38). „Рептилите“ во третиот квартал анулираа седум поени од негативата, но во последниот не успеаја да ја надополнат преостаната и дозволија брејк на Филаделфија.

Во далеку поефикасен меч од Торонто – Филаделфија, Денвер го совлада Портланд 121-113 и ја забележа првата победа во серијата. „Нагетси“ и „блејзерси“ постигнаа идентичен број на поени после десет минути игра (32-32), а следните две четвртини им припаднаа на домаќините со 26-23 односно 35-29. Во решавачките десет минути Денвер ја задржа предноста и го направи првиот чекор во полуфиналната серија на западот.

Резултати: Торонто – Филаделфија 89-94 (1-1), Денвер – Портланд 121-113  (1-0)

OhridNews