Екипата на Денвер ја забележа првата победа со која ја намали предноста на Лос Анџелес Лејкерс на 2-1 во финалната серија во западната конференција. „Нагетси“ славеа со 114-106, по четвртини (29-27, 34-26, 30-22, 21-31).
После првата изедначена четвртина, Денвер контролата во играта ја презеде во втората во која обезбеди двоцифрена предност. „Езерџиите“ се обидуваа да се вратат во игра, но без успешно. Избраниците на Мајк Мелоун отпорот на „лејкерси“ го скршија во третиот квартал кога се одлепија на 18 поени разлика. Во решавачките 12 минут, „езерџиите“ се консолидираа и успеаја да намалат за пристоен пораз.
Триото Јокиќ, Мареј и Грант искомбинира вкупно 76 поени. Јокиќ и Мареј завршија со дабл дабл учинок остварувајќи 10 скокови односно 12 асистенции. Кај „лејкерси“ најефикасен беше Леброн Џејмс со 30 поени.
OhridNews